Мојсовски : Еднаш и засекогаш мора да се решат проблемите во селекцијата
23.01.14 12:38
Без повредениот Наумче Мојсовски македонската репрезентација на Европското првенство во Данска заврши на 10-та позиција. Мојсовски за интернет страницата “Оф Нет“ отворено ги коментираше случувањата во селекцијата.
– Не знам за што точно се работи, разговарав со некои од колегите, но не ми го кажаа проблемот. Мислам дека Прибак и Вугринец не му го земаат лебот на никој, а ние тоа го сфаќаме како на бесилка да не носат и потоа тоа се рефлектира лошо. Кога имаше 20 натурализирани репрезентативци немаше реакции. Проблемите ги има 15 години, откако сум јас во репрезентацијата, но се надминувале. Овие напади не знам точно спрема кого се бидејќи не сум таму, но мора да се решат, не може вака да остане, мора да се менува нешто. Мислам дека селекторот не е виновен, со него направивме успех и се пласиравме на европското кога никој не очекуваше од нас. Затоа што јас колку знам некои играчи сакаат да се над РФМ, над репрезентацијата и над се. Не може РФМ да не чини, селекторот да не чини, а дошле пред само пет месеци и сега одма никој не чини. Ракометната структура е нова и мора да и се даде можност. Мора да седнеме и да ги решиме проблемите еднаш засекогаш за да не се влечат понатаму. Ако треба ќе се менуваат генерации само за доброто на Македонија – рече Мојсоски.
На минатото Европско првенство во Србија, Македонија заврши на петтата позиција, но две години подоцна репрезентативците беа бледа сенка од пред две години.
– Мислам дека по играта што ја прикажаа е реален, а по можностите на нашата селекција не е реален. Знам дека ова не е вистинската Македонија и дека можеме повеќе. Успехот во Србија не беше изненадување, оваа генерација е квалитетна, но нешто не штима внатре во репрезентацијата. Не знам што е работата, како што читам има напаѓања, а тоа не е добро. На крајот ќе излезе дека тоа во Србија било случајно, а не беше така. Пред ова европско се случија и повреди, а тоа беше дополнителен проблем – додаде Мојсоски.
Oд 26-ти октомври до 7-ми ноември 2026 година во просториите на ШК Ласкер Охрид ќе се одржи VI Општинско првенство во шах „7-ми Ноември“, во чест на 7-ми Ноември, Ден на ослободување на Охрид, во о...
Денес и утре, во eSports ENTiTY во Охрид ќе се одржи LAN-завршницата на LAN Showdown 2026, во организација на ESPORTSMK и eSports ENTiTY Настанот е прв професионален турнир во Counter-Strike 2 од в...
Изминатиот викенд во националниот тренинг центар во Скопје во организација на МССФ се одржа третиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, на кој учество зедоа околу осумдесе...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.