Македонскиот вицепрвак Металург е пред елиминација од Лигата на Шампиони откако пред своите гледачи претрпе убедлив пораз од десет погодоци 31-21 од германски Кил.

Со пласманот во 1/4 финалето Металург го повтори ланскиот успех, но немаше сила за чекор напред.
– Се надевам дека следната сезона ќе го направиме тој чекор напред. Сезонава немавме многу среќа со повреди, а и наидовме на ривал од светска класа. Треба да сме горди на постигнатиот успех сезонава бидејќи не е мала работа да се пласираш меѓу најдобрите осум во Европа – заврши Мојсовски.
Мх.П.










