Македонскиот репрезентативец Наумче Мојсовски поради повреда на коленото не го доигра мечот со Вардар во СЕХА лигата, кој Металург го доби со 22-21.

Лекарската екипа на Металург цело време беше во друштво на Мојсовски, а за сериозноста на повредата ќе мора да се сочекааат дополнителните анализи.
Ако повредата се покаже сериозна и Мојсовски не настапи на ЕП во Данска тоа ќе биде голем удар за Македонија.
Мх.П.










