Екипата на Манчестер Сити уште на стартото од Премиер лигата ги најави шампионските амбиции, откако во последниот меч од првото коло запиша убедлива победа од 4-0 над Њукасл.


’Граѓаните’ целата работа ја завршија уште во првиот дел кога стекнаа предност од 2-0, со головите на Давид Силва и Серхио Агуеро, а работата им ја олесни Стивен Тејлор кој поради намерното удирање на Агуеро доби директен црвен картон.

Во вториот дел победата на Сити ја потврдија Јаја Туре, кој постигна преубав гол од слободен удар и резервистот Самир Насри.

На оваа средба за Сити дебитираа засилувањата Хесус Навас, Фернандињо и Алваро Негредо, додека Стеван Јоветиќ поради полесна повреда не беше во составот.

 

„Макфакс“