Молк од министерството за култура околу изборот на директор на Охридско лето
30.12.10 11:00
И по изминати два месеци од распишувањето на конкурсот на Министерството за култура за избор на директор на Националната установа Охридско лето, министерот за култура Елизабета Канческа Милеска нема донесено одлука кој ќе биде првиот човек на оваа установа.
Од надлежното министерство молк. И покрај нашите обиди, во неколку наврати, да добиеме информација што се случува со изборот на директор, не успеавме да добиеме одговор. Единствениот коментар од министерството за култура е дека сеуште нема ништо ново. Истовремено, за многу пократок период беа расппишани конкурси за избор на директори на неколку институции кои спаѓаат под министерството за култура и набргу по завршувањето на конкурсите тие беа избрани.
Во јавноста веќе се шпекулира дека министерот Канческа не била задоволна од понудените програми на дванаесетте кандидати заинтересирани за оваа функција, кои пред повеќе од месец дена беа на интервју со министерот. Постои можност да биде распишан нов конкурс за избор на директорот на Охридско лето.
Без конкретно објаснување од министерството останува јавноста и понатаму да се прашува што се случува со оваа реномирана установа од која првите луѓе беа менувани во последен миг, непосредно пред почетокот на фестивалот без притоа да се води грижа за впечатокот кој се остава во јавноста, а пред се врз угледните учесници кои се дел од него.
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска прими висока делегација од Узбекистан предводена од градоначалникот на општина Џизах, Азимов Зафар Абдумаидовиќ На работната средба на којашто присуствуваа и п...
Незавршениот процес на децентрализација, отсуство на сопствеништво врз управувањето со отпадот на локално ниво, неносењето на законите, ниската свест кај граѓанитe беа посочени како дел од проблеми...
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.