И по изминати повеќе од три месеци, охридската капетанија без раководител.

Уште во месец јуни министерството за транспорт и врски информира дека завршен е процесот на интервјуирање на кандидатите кои се јавиле по јавниот оглас и дека по извршената евалуација, во најкраток временски период ,  ќе биде поставено лице кое ќе ја извршува оваа функција.

И покрај бројните обиди да стапиме во контакт со портпаролот Драган Симоновски и испратените мејлови со цел да добиеме информација до каде е постапката,  од надлежното министерство молк.

Раководителот кој претходно ја вршеше оваа функција, Љупчо Настоски беше сменет кон крајот на месец мај.

OhridNews