Молотов коктел бил фрлен синоќа врз објектот на Македонската амбасада во Приштина. Во нападот нема повредени и причинета е само помала материјална штета.

Според информациите во косовските  медиуми зад нападот стојат три непознати лица кои пристигнале пред амбасадата со возило марка Тојота. Во моментот на нападот во близина на амбасадата имало полициски службеници  кои веднаш се нашле на лица место, при што била спречена поголема штета. Косовската полиција ги превземa сите мeрки за пронаоѓање на напаѓачите.

Ова е втор напад врз амбасадата на Република Македонија во Косово, последнава недела, претходно беа искршени дел од стаклата на објектот. Инциденти имаше и во Албанија, каде беше запалено знамето на Република Македонија.

OhridNews