Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против 24- годишно лице од охридското село Лескоец и 18-годишна девојка од Велгошти,  поради постоење основи на сомнение дека заедно сториле две казнени дела „Тешка кражба“. Пријавениот дополнително се поврзува со уште шест тешки кражби извршени во Охрид. Упатен е во казнено поправниот дом затвор во Теферич каде издржува затворска казна додека на девојката одредена и е мерка куќен притвор до 30 дена. 

На 29-ти минатиот месец, пријавените од куќа во Велгошти одзеле 25000 евра. Парите ги пронашле откако со употреба на подесен алат, насилно ја отвориле влезната и вратата од спалната соба каде забележале мала црна кожна торба со пари во апоени од 500 евра. Претходно, пријавените во Велгошти извршиле уште една тешка кражба од куќа. Совладувајќи ја висината со искачување,  преку прозор влегле во внатрешноста на куќата и по пребарување одзеле еден метален сеф, три мобилни телефони и рачен саат.  На втори овој месец, пријавениот преку терасата влегол во куќа на улица „Караорман“ во Охрид и од спалната соба одзел паричник со 21.000 денари и кутија со накит и бисери. Тој, со кинење на мрежа поставена на прозорецот, влегол во куќа на улицата „Партизански одреди“ од каде одзел бижутерија, белегзии и обетки. Пријавениот извршил кражби и од хотелот „Белведере“ каде со прекачување преку балконската тераса влегол во две соби и одзел вкупно 350 евра, еден ајпот, една машка јакна и  машки чевли.

Пријавените се лица познати на службата како наркозависници. За вакви и други казнени дела, против нив СВР Охрид има поднесено повеќе кривични пријави.    

OhridNews