Момче и девојка се пронајдени мртви во мотел на излезот од Битола. Нивните тела ги пронашле вработени во мотелот на кои им станало чудно, откако нивните гости неколку дена не излегле од собата. Случајот веднаш го пријавиле во полиција.
Биле повикани лекар од итната медицинска помош, како и увидна екипа, а телата се предадени на обдукција и се истражуваат причините за смртта.
33-годишникот и неговата 27-годишна пријателка пред неколку дена дошле во мотелот и земале соба за некокудневен престој.
OhridNews
извор Утрински весник