Во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на магистралниот пат Охрид – Ресен кај селото Крушје, животот го загуби 19 годишно момче.

Според очевидци, дошло до директен судар на возило марка Југо со битолски таблици и Пасат со ресенски таблички. Глетката на местото на несреќата била страотна, а морало да интервенираат пожарникари за да ги извлечат луѓето од смачканите автомобили.

На местото на несреќата извршен е увид, а истрагата треба да ги утврди причините за трагедијата.

OhridNews