Тринаесетгодишно момче починало откако паднало од карпа на француските Алпи, додека неговиот 10-годишен брат го преживеал падот, објавија француските власти.

Рано утрово, по ноќната потрага околу 30 полицајци и членови на спасувачката служба, ги пронашле децата во подножјето на карпа висока околу 150 метри, во шума во скијачкиот центар Аворија, во близина на швајцарската граница.

Локалните медиуми објавија дека таткото ја повикал полицијата во саботата попладне откако децата не се вратиле од скијање. Помладиот брат бил префрлен во блиската болница и е во добра здравствена состојба, објавија медиумите.