Германија не е квалификувана иако има шест бодови од два меча. “Панцирите“ со бод во последното коло ќе ја освојат првата позиција. Германците со пораз од Данска со два голови разлика и победа на Португалија, ги завршуваат натпреварите во групната фаза.
Данска во 1/4 финале патува со која било победа на решавачкиот дуел со Германија. Со реми против Германија, и победа на Португалија, Данска нема да обезбеди пласман во 1/4 финалето.
Португалија во следната фаза патува со победа ако Данска не забележи победа со еден гол разлика освен 2-1 или 1-0. “Европските бразилци“ можат и со бод да обезбедат 1/4 финале но ако Данска претрпи пораз од Германија.
Холандија нема премногу опции во последното коло од групата Б. “Лалињата“ мораат да триумфираат со два голови разлика и да се надеваат дека Данска ќе претрпи пораз на мечот со Германија.
Ако три селекции имаат исти број на бодови и гол разлика се одредува по коефициентот одреден од УЕФА.