Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсите за доделување на ученички стипендии за учебната 2016/2017 година: 50 стипендии за талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2016/2017 година, 150 стипендии за талентирани ученици – спортисти од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2016/2017 година, 400 стипендии за социјална поддршка на ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2016/2017 година, 50 стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2016/2017 година, 80 стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2016/2017 година, стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско – туристичката струка во Република Македонија за учебната 2016/2017 година.
Сите кандидати – добитници на стипендија потребно е да пополнат 3 примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од трансакциска сметка на име на ученикот, почнувајќи од 23.1.2017 година, а заклучно со 27.1.2017 година да ги достават до Министерството за образование и наука.
OhridNews