Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за стипендии за ученици кои се запишани во дуални паралелки во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година.

Како што е појаснето на веб-страницата на МОН, секој добитник на стипендија треба соодветниот договор за стипендија (достапен електронски) да го симне и пополни во три примероци и заедно со копија од лична трансакциска сметка да го достави до МОН, директно или по пошта – препорачана пратка со повратница (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје), најдоцна до 10 јануари 2024.
-Одбиените кандидати (учениците кои не се наоѓаат на објавените списоци) ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена, информира МОН.
Министерството во објавата на резултатите наведува контакти во Секторот за ученички и студентски стандард каде што може да се добијат дополнителни информации, како и на електронската адреса: [email protected].
OhridNews












