Францускиот прволигаш Монако е сериозно заинтересиран за услугите на
играчот на Милан, Кевин-Принс Боатенг, пренесува италијанскиот
Скајспорт.

Истиот извор наведува дека потпретседателот на Милан, Андријано
Галијани, се наоѓа во Монте Карло каде ги договарал деталите за
трансферот на фудбалерот од редот за врска.

Боатенг е еден од играчите кои според медиумите во Италија ќе си заминат
од клубот, бидејќи раководството не било задоволно од неговата форма на
теренот и бурниот ноќен живот.

Репрезентативецот на Гана во Милан пристигна во 2010 година од Портсмут,
за „црвено-црните“ одигра 98 натпревари на кои постигна 15 погодоци.

“Макфакс“