Сопственикот на Монако, Димитриј Риболовљев со договор од 21 милиони евра по сезона го „лови“ потписот на Кристијано Роналдо.

Иднината на Роналдо на „Сантијаго Бернабеу“ е топ тема последниве месеци во светските медиуми, а од ден на ден стануваат се погласни дека на крајот ќе го напуши клубот од Мадрид.

Португалецот се сретнал со сопственикот на Монако и ако ја прифати понудата тој автоматски ќе постане најплатен фудбалер на светот.

Монако со трансферите на Џејмс Родригез, Жоао Мутињо и Радамел Фалкао покажа дека сериозно ќе конкурира на пазарот, кој до сега го диктираа неколку екипи.

Мх.П.