Новиот италијански фудбалски прволигаш Монца, чиј сопственик е Силвио Берлускони, почна преговори со поранешниот голгетер на Наполи и ПСЖ, Едисон Кавани (35), објавија денеска италијанските медиуми.

Кавани е слободен играч, откако на 30 јуни му истече договорот со Манчестер јунајтед, а италијанските медиуми претходно го поврзуваа со можен трансфер во Салернитана или Торино.

Според Скај Спорт Италија, Монца сега се вклучува во трката како потенцијално нова дестинација за искусниот уругвајски напаѓач и клупскиот директор Адријано Галијани почнал преговори со претставниците на Кавани.

Монца, која следната сезона првпат во клупската историја ќе се натпреварува во Серија А, веќе донесе шест засилувања.

OhridNews