Кор – групата за Дрим , денеска во Охрид на својот втор состанок , ги анализираше дискусиите на Националниот консултативен состанок   и изрази големо задоволството од искажаната висока  политичка поддршка на процесот од страна на Владата на РМ и делегацијата на ЕУ во Македонија. Ја разгледа подготвената Анализа на состојбата во Дримскиот басен и ја утврди динамиката за испраќање на подготвениот Проект на финално одобрување за финансирање на главна фаза преку Глобалниот Еколошки Фонд.


Кор-групата во комплетен состав (Македонија, Албанија ,Црна Гора , Грција ,Косово) ги утврди компонентите на кои бидат дел од  главниот проект  за Дримскиот Басен .   Тоа се : хармонизиран мониторинг на сливот , развивање на приоритетите за заедничко делување , етаблирање на заеднично управување , развивање пилот проекти за намалување на загадување , урбано планирање и развој на туризам  и  инволвирање на јавноста во одлуките. Согласно утврдената динамика барањето ќе биде испратено на крајот на Јануари 2011 по сите консултативни состаноци на Дримскиот дијалог.

На состанокот на Кор-групата беше разгледан проблемот со минатогодишните поплави во делтата на реката Дрим кој покажа дека цел овој процес за заедничко управување е многу  потребен затоа што огромно е влијанието од случувањата на една страна врз другата т.е Дрим влијае врз состојбите во Охридското Езеро и обратно . Затоа утврдена е потребата за управување и комуникација и реакција на надлежните институции од сите земји во сливот .

OhridNews