Поранешниот напаѓач на италијанскиот фудбалски прволигаш Рома, Винченцо Монтела стана нов тренер на Катанија.


Монтела со клубот од Сицилија потпиша договор на три години, а на клупата ќе го замени Аргентинецот Диего Симоне. Претходно Монтела ја водеше Рома, како привремена замена на Клаудио Раниери, кој доби отказ.

Од следната сезона на Апенините ќе игра и Мирослав Клосе, кој се пресели во Лацио. Поранешниот напаѓач на Баерн потпиша двегодишен договор. Клосе, освен за Баерн, играше и за Вердер и Кајзерслаутерн. За германската репрезентација одигра 109 натпревари и постигна 61 гол.

“извор Макфакс“
Ohridnews