Таман кога ќе се помисли дека полошо не може, неодговорните граѓани кои животната средина ја третираат како бескрајна депонија, ќе изненадат. Се разбира повторно непријатно. Читател на OhridNews деновиве ни испрати фотографии од расфрлан отпад и шут во Велгошти, во близина на реката Сушица. Помеѓу шутот завршил и надгробен споменик.

Наоколу е расфрлан најразличен отпад, кој постојано се зголемува, велат локалните жители, за кои е несфатлив ваквиот неодговорен однос на своите сограѓани.

Освен јавна осуда, „непознатите сторители“ минуваат без последици. Нема казни и санкции, а за волја на вистината ниту желба нешто поенергично и поодлучно да се преземе во начинот на третирање и управување со отпадот во градот, еколошките прекршоци и несовесните граѓани.

OhridNews