Казните се рангираат во четири категории, според тоа колку испиле фатените возачи. Казните се движат од 250 до 400 евра. Висината на паричната казна се одредува според концентрацијата на алкохолот во крвта. Првата категорија ги опфаќа возачите кај кои се измерени од 0,1 до 0,5 промили алкохол во крвта. За нив е предвидена казна од 200 евра. Во втората категорија спаѓаат тие кај кои ќе бидат измерени меѓу 0,51 и 0,99 промили алкохол. За нив глобата е 250 евра, а 300 евра ќе платат несовесните зад воланот кај кои ќе бидат измерени од 1 до 1,46 промил алкохол. По 350 евра казна ќе платат возачите кај кои алкотестот ќе покаже присуство на алкохол во крвта од 1,5 до 1,99 промил. Највисока е казната од 400 евра за оние што имаат над 2 промила алкохол во крвта.
Меѓу измените во Законот е и предвидената глоба од 500 евра и забрана за управување на моторно возило за возачот што ќе одбие да биде алкотестиран и возачот кој управува возило без возачка дозвола. Професионалните возачи ќе бидат казнети со 200 евра глоба и три месеци забрана за управување на моторно возило.
Досега, сите пијани возачи, без разлика дали биле фатени со 0,5 или пак со над 2 промила алкохол во крвта, плаќаа иста казна – 400 евра.