Државната изборна комисија не беше на ниво на задачата на највисок изборен орган кој треба да се грижи за законитоста во спроведувањето на изборите. При одлучувањето по приговорите ДИК не беше доследна и конзистентна во донесувањето на одлуките.“ –  велат од Граѓанската асоцијација „МОСТ“, која го набљудуваше процесот на одлучување по приговорите за гласањето, сумирањето и утврдувањето на резултатите поднесени до ДИК.

Оттаму велат дека нема да ги коментираат поднесените приговори од политичките партии, поединечните одлуки и гласања на овој орган, бидејќи дел од нив биле донесени не земајќи ги предвид одредбите во Изборниот законик.

Во однос на одлуката со која беа поништени првичните официјални резултати за избор на градоначалник на општина Чаир, соопштени од ДИК, апелираме да се поведе соодветна постапка против лицата кои ги прекршиле законските одредби.“ – истакна претседателот на „МОСТ“, Дарко Алексов.

Според „МОСТ“, бројката од 13 323 регистрирани гласачи кои спаѓаат во групата на болни и изнемоштени лица е рекордна, додека доказите кои треба тоа да го потврдат се нејасни.

Од „МОСТ“ апелираат до граѓаните да ги проверат своите податоци на веб порталот izbirackispisok.gov.mk.

OhridNews