Во општина Центар, продолжува трендот на реакции на партиски набљудувачи поради појавата на лица за кои постои сомневање дека живеат во општината, а имаат важечки биометриски документи и се запишани во Избирачкиот список, соопшти граѓанската асоцијација МОСТ, која со свои бнабљудувачи беше присутна во оваа и другите општини каде денеска се прегласува вториот круг од локалните избори.

Како што информираат од МОСТ оваа појава е забележана на дел од избирачките места во: ОУ Коле Неделковски, ДСУ за рехабилитација и образование Св. Наум Охридски, ОУ Јохан Хајнрих Песталоци, Фудбалски Сојуз на Македонија на ул. 8ма ударна бригада како и Дом на Градежници, каде исто така е забележано е зголемено присуство на полицијата, гужва и тензична атмосфера во и пред избирачките места.

Од МОСТ забележуваат и дека претставници на медиумите кои биле застанати позади избирачки одбор, при евиденција на тројца гласачи ги снимале нивните лични документи. И покрај тоа што еден од членовите на ИО реагирал, претседателот на ИО не ги спречил бидејќи новинарите имале соодветна легитимација. Исто така двајца членови на ИО од соседното избирачко место дошле во другото избирачко место и со нивните мобилни телефони го снимиле настанот.

OhridNews