Повици со забелешки за текот на гласањето до „Цивил“ почнале да пристигнуваат уште од 6 часот изутрина. Забелешки имало во однос на маркерот со кој со обележува прстот на лицата што гласале.

„Проверивме и сами. Со помош на влажно марамче целосно излезе бојата на маркерот. Ова е сериозна слабост и прашање со кое треба да се позанимаваат Државната изборна комисија и набавувачот на маркерите“, изјави Џабир Дерала од „Цивил“.

Дека видливото мастило се брише со влажни марамчиња и ацетон, регистрираа и набљудувачите на граѓанската организација МОСТ.

Според нив, процедурата на обележување на палецот со видливото мастило не е спроведувана согласно законот, односно во неколку случаи мастилото е нанесувано само на ноктот на гласачот.

OhridNews