Според информациите дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, забележани се неправилности на неколку гласачки места во општина Струга.

Пред гласачките места 1847/1, 1848, 1848/1, 1851, 1853, 1854, 1856, 1857, 1865, 1867 и 1869  во општина Струга забележани се лица со списоци на гласачи кои ги евидентираат гласачите кои влегуваат на гласачките места.

Инаку, претседателот на Општинската изборна комисија од Струга, Џенгис Хани,  информира дека сите гласачки места во општината биле навреме отворени и дека гласањето досега се одвива непречено.

Во општина Струга од вкупно евидентираните 58.027 гласачи за претседателските избори до 10 часот правото на глас го оствариле 3,3% од гласачите, додека пак за парламентарните од вкупно евидентираните 57.144 гласале 4,2%.

Во Струга се гласа на 101 избирачко место.  

OhridNews