Единствениот македонски клуб во Втората АБА лига, АВ Охрид во четвртата рунда од шампионатот гостува во Зрински кај екипата на Мостар. Охриѓани по три мечеви немаат победа, додека противникот има еден триумф во регионалното друштво.
– Ние од секој меч во Втората АБА лига учиме нешто ново, затоа на секој натпревар му пристапуваме со многу значење. На гостувањето во Зрински кај екипата на Мостар нема што да изгубиме и одиме да се надигруваме. – изјави Петар Чочороски.
Американецот Рос Кенет во охридските редови сака поправување на играта која не беше на нивото на дуелот со Вршац. – На дуелот со Вршац пред своите гледачи оставивме лоша слика за нас и тоа мора да се поправи на гостувањето во Зрински. Сите во тимот ја посакуваме првата победа во Втората АБА лига, а за неа ќе треба да изгиниме за секој топка на теренот.
Натпреварот во Зрински се игра во вторник со почеток во 18 часот.
OhridNews