Реномираниот научен медиумски бренд „National Geographic“ деновиве го издаде печатеното издание „100 места кои ќе ви го променат животот“ (100 Places That Will Change Your Life), на чија насловна страна осамна еден од најпознатите мотиви од Охрид, црквата Св. Јован Канео.

Овој специјализиран магазин веќе се продава во САД, а со оглед дека „National Geographic“ е глобален медиумски гигант, Охрид ќе го обиколи и светот.
Охрид на листата на „100 места кои ќе ви го променат животот“ се најде и на дигиталното издание на „National Geographic“, во друштво со познати дестинации од целиот свет како Рим – Италија, Лоара Франција, Ерусалим – Израел, Кејптаун – Јужна Африка, како и други исклучителни дестинации во Европа, Азија, Австралија, Јужна и Северна Америка.
Г.М.












