Почнувајќи од денес Младински Центар Охрид во соработка со ООУ “Кочо Рацин”- Охрид секоја недела ќе организира мотивирачки трибини.
Целта е да се мотивираат учениците во изборот на својата идна кариера. Трибините се наменети за учениците од VIII и IX одделение. Мотивирачките трибини ќе бидат под наслов „И јас сум од Кочо Рацин“, а гости ќе бидат поранешни ученици, денес успешни во својата кариера, информираат од Младински Центар.
Додаваат дека трибините се организираат на иницијатива на директорот на ООУ „Кочо Рацин“, Славица Котеска.
OhridNews












