Битолски Пелистер за прв пат во својата клупска историја се пласираше во финалето. Мотивот бил одлучувачкиот фактор во победата.
– Ние бевме помотивирани и поспремни за овај натпревар, тие многу опуштено влегоа во натпреварот, во претходните натпревари имавме многу падови но овoј го одигравме максимално– Караџовски
Целата беше полуфинале, но Пелистерци со добра игра успеаа да се најдат во големот финале.
– По вчерашната победа растоварено влеговме во натпреварот со самиот пласман во полуфиналето ја исполнивме нашата цела.Момиците дадоа се од себа, играа фанатично во одбраната и го совладаа фаворитот. Во утрешното финале ќе влеземе растоварено без императив за победа – рече Младен Миќиќ тренерот на Пелистер.