Трката од Светското првенство во мотоциклизам за Големата награда (ГН) на Тајланд, која на 17 октомври требаше да се одржи на патеката Бурирам, е откажана поради пандемијата на Ковид-19 и рестрикциите поврзани со коронавирусот, соопштија организаторите.

Во соопштението на компанијата „Дорна“, која располага со правата за трките од Светското првенство во мотоциклизам, се наведува дека „МотоГП се радува на враќање на трката пред исклучително страсните гледачи во Бурирам во 2022“.

Ова е веќе четврта откажана трка од оригиналниот календар во МотоГП, по трките во Финска, во Јапонија и во Австралија.

Сè уште не е познато дали и кога ќе се одржи трката за Големата награда на Аргентина.

Досега се одржаа половина од 18 трки, кои сè уште се во календарот, а последната трка се возеше во холандски Асен на 27 јуни.

OhridNews