Охриѓани и бројните туристи кои престојуваат во градот денеска ќе имаат несекојдневна можност да уживаат во егзибициите и акробациите на крос-моторцикли, што ќе ги изведуваат петмина светски познати т.н. „фристајл“ моторциклисти од Франција.

На спектаклот што ќе се одржува на стадионот на Спортско-рекреативниот центар „Атина Бојаџи“ ќе настапуваат петмина членови на групата „Блек Лајнер“, меѓу кои и светскиот вицешампион во крос-егзибиционизам Изо Брик.

Манифестацијата што по првпат се организира во Македонија, ќе биде збогатенa со културно-забавна програма на кој ќе настапат познати имиња од македонската естрада.

OhridNews