На крстосница помеѓу улиците „Јане Сандански“ и „Димитар Влахов“ во Охрид, вчера околу 13 часот, 25 годишен жител на селото Врбјани, Дебрца,  управувајќи мопед „Априлија“, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа од СВР Охрид. – информира портпаролот на охридската полиција Стефан Димовски.

Исто така вчера, во 13.30 часот, на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Песочани, општина Дебарца, патничко возило „шевролет“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 78-годишен жител на Струга, изгубило конртола и излетало од патот.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобиле двајца сопатници (63 и 24 години). – соопшти Димовски.

По овластување на Јавен обвинител, на местото на незгодата увид извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews