Вчера утрото во 7 часот, на кружниот тек на пресекот на булеварите „Македонски просветители“ и „Туристичка“ во Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 63-годишен охриѓанец и мопед „Томос“, управуван од 46-годишна жена од Велгошти, охридско.

Во несреќата возачката на мопедот се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

На местото на незгодата извршен е увид.

OhridNews