Мопед „кимко“, управуван од 44 годишно лице од охридското село Куратица, вчера во 17.30 часот на ул. „7-ми Ноември“ излетал од коловозот откако патнички автомобил „ровер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 60 годишно лице од Скопје, кој се вклучувал во сообраќајот, му го попречил правецот на движење.

Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

OhridNews