На 21.07.2025 во 23:10 часот на улицата „Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 32 годишно лице од с.Куратица, охридско и мопед „дерби“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 22 годишно лице од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид, информираат од СВР Охрид.
По наредба на Јавен обвинител извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
OhridNews