Сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот “Туристичка” во близина на кружниот тек кај Градскиот пазар.

Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило и мотоцикл. Со повреди, од засега непозната природа, се здобил возачот на мотциклот кој е пренесен во специјализираната болница “Св. Еразмо”, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На местото на несреќата во тек е увид од страна на екипа на СВР Охрид.

Г.М.