На 19 мај во 18.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосница од ул. „Железничка“ со ул. „Абас Емин“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 47 годишно лице од Охрид и мотоцикл „априлија“ со германски национални ознаки, управуван од 39 годишно лице од Охрид, информираат од МВР.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, додаваат од МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.
OhridNews












