Сообраќајна незгода се случи утрово околу 10.30 часот на улицата „Абас Емин“ во близина на пазарот. Во судир на возило и моторцикл, со повреди се здоби моторциклистот кој по укажаната помош на местото на настанот од страна на екипа на брзата помош беше пренесен во болница.

На местото на настанот увид изврши сообраќајната полиција, која ги утврдува причините за незгодата.

OhridNews