Охридската локална самоуправа ја поздрави инциијативата на Ракометната федерација на Макезонија за организацијата на уште едно големо ракометно натпреварување, ЕП во ракомет на песок во 2013 година. Охриѓани се подготвени да седнат на заедничка маса и да ги разгледаат можните солуции за одржување на континеталниот собир.
–Сметаме дека е потребно претставници на Ракометната Федерација на Македонија треба подетално да не’ информираат за нивните намери за да можеме заеднички да се договориме за видот на поддршката на општина Охрид – велат до локалната самоуправа.
Македонија беше домаќин на три светски младински првенства во ракомет и сениорското ЕП за жени, а според плановите на РФМ нивна желба е да се пријават за организација на ЕП во ракомет на песок во 2013 година во јуни.
– Ќе побараме од градоначалниците на Охрид и на Струга да се изјаснат дали се заинтересирани за ваков настан, но и да помогнат во организацијата. Досега РФМ секогаш сам организираше и се мачеше да ги обезбеди сите услови. Овој пат градовите ако сакаат да помогнат ќе има и првенство, што би значело најмалку илјада дополнителни туристи во период од десетина дена во Македонија – вели Марјан Начевски, генералниот секретар на РФМ.
Според него, за одржување ваков настан потребно е да се изгради „главен терен“ со монтажни трибини за околу 2.000 гледачи, и неколку споредни со помали трибини за 100-200 гледачи.
Ракометарите на Охрид забележаа висока победа 30:20 над Пролет во 11 коло од Супер лигата Натпреварот во првото полувреме беше речисиу израмнет, а „гладијаторите“ на одмор заминаа со два гола предн...
Петта победа во низа за фудбалерите на Охрид На денешниот натпревар против екипата на Скопје извојуваа победа со резултат 1:0 Стрелец на голот за екипата на Охрид Лихнидос беше Иван Глигоров Натпр...
Во спортската сала „Билјанини Извори“ синоќа со одлична атмосфера и голема спортска енергија заврши уште едно успешно издание на турнирот во футсал Ohrid FREED 2025 Финалната вечер, која се одржа в...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.