Задоволни од ждрепката се шефовите на македонскиот квартет тимови кои ќе ја бранат честа на Македонија во евро куповите. Во најпрестижното натпреварување за македонскиот првак Ренова, Омонија ќе биде првата пречка.
– Можеме да кажеме дека сме задоволни од ждрепката, иако сега слаби противници нема. Се надеваме дека достојно ќе го презентираме мак-фудбалот на стартот од најквалитетното натпреварување, вели Неџат Шабани кој на клупата на Ренова ќе дебитира токму против кипарскиот тим.
Најдобро барем на хартија мина единствениот носител во Лигата Европа, Работнички кој за противник го доби анонимниот тим од Андора, Лусинтас.
– Противникот е по мерка, нам ни припаѓа фаворитската улога и со сериозен пристап верувам дека ќе ја минеме првата рунда – истакна Зоран Стратев тренерот на Работнички.
Доколку Работнички мине во 2. коло за противник ќе ја има ерменската Мика.
Тренерот на Металург Жикица Тасевски фаворитската улога ја препушта на азербејџанскиот Карабах, каде пред неколку сезони играа Рамадани и Артим Шаќири.
– Според рејтингот се фаворити, но мислам дека е тим со кого можеме рамноправно да играме. Стартуваме рамноправно, бидејќи и тие се на подготовки и првенството не им е почнато – вели Жикица Тасевски, тренерот на Металург.
Ако Металург оди во втората рунда ќе се сретне со подобриот од дуелот Портдаун (С. Ирска) – Сконто ( Летонија).
Куп победникот Тетекс, последен ќе излезе во Европа, а според Јакимоски литванскиот Вентспилс, не е атрактивен но е тим за почит.
– Ни дава за право да се надеваме дека можеме да се надигруваме и да обезбедиме поволен резултат – вели Тони Јакимоски тренерот на „текстилците“.
По кратко боледување на 70-годишна возраст почина познатиот македонски фудбалер Васил Рингов Рингов имаше блескава фудбалска кариера во која го носеше дресот на Беласица, Партизан од Белград и Вард...
Гоце Седлоски официјално е промовиран за селектор на македонската А репрезентација, информира ФФМ Од оваа репрезентација ќе барам максимален ангажман, храброст и желба за докажување на секој натпре...
Целосно се комплетирани активностите за реконструкција на спортските игралишта во подрачниот објект на ООУ „Григор Прличев“ во населба Рача и игралиштето во станбениот комплекс на ул „7 Ноември“ &n...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.