Поради планирана интервенција на екипите на АД МЕПСО за замена на проводници на 110 кВ далеководи на преносната мрежа на потегот Ресен- Охрид– Струга, утре, 12- ти ноември, во периодот од 11:00 до 14:00, можно е да има повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Во тој период снабдувањето со електрична енергија на корисниците од  населените места на територијата на Општина Охрид и Општина Дебарца ќе се изведува преку алтернативните врски на оваа траса. Ако има промени во оптоварувањата и зголемена потрошувачка, можни се кратки прекини на испораката на електрична енергија во овие 3 часа, информираат од АД МЕПСО.

OhridNews