На 20 мај во Словачка ќе се одржи совет за итна медицинска помош за здравствената состојба и соодветен третман на премиерот Роберт Фицо, кој пред два дена беше застрелан.

Новоизбраниот претседател на државата, Петер Пелегрини, вчера потврди дека состојбата на Фицо е стабилна, но „многу сериозна“.
На 15 мај Фицо беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Напаѓачот е познатиот словачки писател Јурај Цинтула, кој тврди дека пукал во Фицо бидејќи не се согласувал со политиката на Владата.
Словачкиот премиер се здоби со повреди во градите и стомакот и со хеликоптер беше пренесен во болница, каде му беше извршена операција.
OhridNews
фото. МИА/ЕПА











