Од УЈП ги информираат земјоделците дека доколку приходот од земјоделска дејност во 2015 година не надминува 1.300.000 денари, имаат можност данокот на доход да го плаќаат паушално.

– Без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување ви овозможува персоналниот данок да го плаќате еднаш во годината и да немате дополнителни трошоци за водење на деловни книги, велат од УЈП.

Најдоцна до 31 јануари 2016 година на шалтерите на УЈП треба да се поднесе: образец “УЈП-РДО/З“- Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност,образец “ПДД-ПЗ“- Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност.

Ако лицата се веќе регистрирани во УЈП и им е доделен даночен број (ЕДБ) како вршител на земјоделска дејност, да се поднесе само Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност.

OhridNews