
Архиепископот Стефан рече дека овие избори го трасираат патот за конечното приклучување на Македонија во меѓународните институции и ЕУ и поради тоа упати порака, како што истакна, „повеќе да се истакнуваме со делата што ги правиме, отколку со зборовите, кои вообичаено се навредливи едни кон други“.
– Само луѓе недоволно исполнети со вечната радост можат да упатуваат навредливи зборови кон другите. И евангелски и христијански е да го говориме за другите она што сакаме за нас да го говорат, нагласи Архиепископот Стефан.
Поглаварот на МПЦ од Охрид упати честитки на на новоизбраниот претседател а Република Македонија, градоначалниците и до идните членови на општинските совети.
Во врска со инцидентот што се случи за време на студентските протести против најавената изградба на повеќе спомен обележја и црква во центарот на Скопје, г.г. Стефан Рече дека МПЦ не е вмешана во инцидентот. Тој објасни дека пред неколку години МПЦ побарала од тие што го урнале храмот посветен на Свети Константин и Елена на влезот од сегашниот трговски центар во Скопје, да го изградат повторно на место што ќе го определат.












