Црковно народниот собор на МПЦ на заседанието
што се одржа денеска во Калишта – струшко, донесе Резолуција во која се изрзува
благодарност на потписниците на одлуката за возобновување на Охридската архиепископија
во лицето на Македонската православна црква.
Во резолуцијата се изразува загриженост за
негативните демографски процеси во земјата, како и зачестените кражби во
сакралните објекти.
-Соборот ги задолжи епархиитер на МПЦ да поведат
грижа со создавање на соодветни институции за заштита и презентирање на
сакралното богатство, а Министерството за култура да ги употреби
сите стручни и законски постапки за поголема заштита на објектите прогласени за споменици на културата, стои во
Резолуцијата, која ја презентираше Владиката Методиј.
Во Резолуцијата се упатува апел до надлежните институции за решавање на
правниот статус на црквата и Богословскиот факултет, како и за застапеност на
веронауката во системот на образованието.
Г.М.