Возбудлива и интересна за ракометни љубители покрај плејофот во Супер лигата ќе биде разврската за опстанок, односно борбата за живот во елитното ракометно друштво.
Од шесте екипи кои ќе разигруваат, единствено Радовиш има бодовно салдо за сигурен опстанок, додека преостанатите четири ќе водат мртва трка за избегнување за двете непосакувани позиции.
Ждрепката за распоредот за мечевите од плејофот и плејаутот ќе се одржи утре во просториите на РФМ. Трета година по ред Ракометниот клуб Охрид ќе биде дел од елитата и ќе атакува на местата од табелата кои водат во Европа. Учесниците во плејофот ќе започнат без бодови.
Плејаут:
Табела: Радовиш 20, Металург 2 10, Прилеп 10, Борец 10, Вардар Јуниор 9
OhridNews