Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден се поубедливо се движи кон победа, а американскиот претседател Доналд Трамп сè потешко може да се справи со тој факт. Меѓу луѓето блиски до него, наводно се барал кандидат кој ќе му каже дека е готово, дека изгубил на изборите и дека веќе нема шанси да победи.

Според американскиот МСНБЦ, ќерката на Трамп, Иванка и неговиот зет Џеред Кушнер, наводно, треба да му го кажат тоа.

Никој не сака да му ја каже вистината. – наведува МСНБЦ, повикувајќи се на извор близок до Трамп.

Тој не планира да го признае поразот дури и ако убедливо загуби, дури и ако Бајден победи во Пенсилванија, Невада или Џорџија, наведуваат американските медиуми.

Трамп вчера одржа прес-конференција во Белата куќа на која рече дека ќе победи ако се сметаат легалните гласови, а потоа уште еднаш ги нарече изборите голема измама и започна да ги напаѓа Демократите дека му ги крадат гласовите.

Тој нагласува дека нема да отстапи од тоа.