
Како дел од проектот од МСО објавуваат повик за пријавување на волонтери за пополнување на осум волонтерски позиции. Корисници на волонтерските услуги ќе бидат: локалните самоуправи и (општинските администрации) правосудните органи (Основни и Апелациони судови, јавни обвинителства), државни агенции на локално ниво и подрачни министерства. Потенцијални волонтери во овој проект се граѓаните со посебен акцент на младите невработени лица и студенти на возраст до 30 години
За волонтерите кои ќе бидат вклучени во проектот е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за пат и исхрана за период од 3 месеци. Волонтирањето ќе бара секојдневен ангажман во работни денови по 4 часа. За волонтерите кои ќе бидат избрани,по пат на селекција, а врз база на предходно пристигнатите апликации, ќе биде организирана обука.
Заинтересираните за волонтирање да се пријават во Младински Совет Охрид, или на е-маил адресата: [email protected]
Рокот за пријавување е 5- ти декември 2013 година.
OhridNews











