Младински Совет Охрид, по повод Денот на здравјето,  ја започна едукативна кампања за ЗДРАВА ИСХРАНА. Со делење на едукативни брошури по охридската чаршија, кафетериите, бутиците, продавниците, банките и другите институции, но и низ градскиот пазар, волонтерите на МСО ги едуцираа граѓаните за значењето на здравата и правилна исхрана.

Вакви акции беа поделени и во основните училишта, каде е предвидено, во периодот кој следува да се организираат интерактивни едукативни работилници, додека за претставниците на здруженијата еднодневни работилници.

Денот на здравјето, 7ми април се одбележува секоја година, почнувајки од 1950 година, како резултат на залагањата на Светската здравствена Организација да даде свој придонес кон грижата за здравјето на луѓето. Светската Здравствена Органиација, во 1948 година на својата прва седница, го прогласи овој ден, како светски ден на здравјето.

OhridNews