“Власта одблиску” е проект на Младинскиот совет од Охрид чии резултати ќе бидат објавени деновиве. Како што информираат од МСО, станува збор за извештај од неколкумесечното следење на работењето на Советот на општина Охрид, во периодот јануари- јуни 2011.

Преку резултатите од реализацијата на проектот, од МСО наведуваат дека имаат за цел да ја информираат јавноста за тоа што сработиле народните избраници, колку тие се успешни во своето работење, колку се подготвени да одговорат на барањата на граѓаните, како и колку пати се јавиле со свое излагање и поднеле иницијативи до советот и градоначалникот.

OhridNews